12.2.2016  Бордо суспендираше двајца свои играчи поради тепачка 
   Фудбалскиот клуб Бордо ги суспендираше на неодредено време голманот Жером Прирор и фудбалерот Ламин Сане поради инцидентот по натпреварот против Нант.
  
 
 Бордо на свој терен загуби од Нант со 4-3 во натпреварот во Купот на Франција, а клубот денес во кратко соопштение наведе дека Приор и Сане биле вклучени во „тежок инцидент во соблекувалната“. 
Меѓутоа весникот „Л’Екип“ пренесе дека дошло до жестока физичка пресметка која ја прекинало обезбедувањето.
Приор е изоставен на два натпревари во текот на октомври 2015 година поради конфликт со стручниот штаб, а минатиот месец вербално се конфронтираше со навивачите на аеродромот по враќањето на тимот од едно гостување.
На Сане капитенската трака му беше одземена во јануари.