22.9.2016  Несторовски продолжува со голови за Палермо 
   Илија Несторовски во 89-тата минута беше стрелец на единствениот гол за Палермо во дуелот со Аталанта и со неговиот погодок клубот дојде до трите големи бода.  
 
 Новиот херој на Палермо е македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој со погодокот во 89-тата минута од средбата му донесе победа на својот тим.
Фаворит на натпреварот беше екипата на Аталанта, но со погодокот на нашиот репрезентативец Палермо ги освои трите бода и ја напушти зоната за испаѓање.
За Несторовски ова е втор постигнат гол по ред, во минатото коло беше стрелец на гостувањето кај Кротоне и му донесе бод на својот тим.