07.1.2017  Мали ќе го замени Дракслер во Волфсбург 
   Волфсбург најде замена за Јулијан Дракслер, кој направи трансфер во ПСЖ.  
 
 Станува збор за Јунус Мали, одличниот фудбалер на Мајнц и репрезентативец на Турција, кој потпиша договор на четири и пол години со „волците“.
Мали игра фантастично оваа сезона, а на 16 натпревари во Бундеслигата постигна шест погодоци и исто толку асистенции.
Според германските медиуми Мали ќе го чини Волфсбург 12,5 милиони евра.