27.6.2017  Рома доведе десен бек од Феенорд 
   Холандскиот фудбалер Рик Карсдорп  од Феенорд ќе направи трансфер во Рома за најмалку 16 милиони евра.
  
 
 Овој 22-годишен десен бек ќе потпише петгодишен договор кога ќе ги помине денешните лекарски прегледи во Рим.
Шампионот на Холандија веднаш ќе добие 16 милиони евра за оштета, а потоа и дополнителни три милиони во случај да се исполнат одредени бонуси.
Карсдорп долго време беше цел на Барселона, на Манчестер јунајтед и на Баерн Минхен, но новиот спортски директор на Римјаните, Мончи, човекот познат по добрите потези на пазарот на трансфери, беше најбрз.
Карсдорп потекнува од клубот од Ротердам, ги помина сите селекции на репрезентацијата на Холандија и за тимот А одигра два натпревари.