11.1.2018  Нов играч во Барселона: Мина од Палмеирас за 11,8 милиони евра 
   Шпанскиот клуб го доведе Мина како замена за Хавиер Маскерано, кој најверојатно ќе направи трансфер во кинескиот Хебеј Фортун, но и поради повредата на Самуел Умтити.  
 
 Јери Мина, досегашниот фудбалер на бразилскиот Палмеирас, со Барселона потпишал договор на пет и пол години, соопшти денес шпанскиот клуб.
Барселона за 23-годишниот одбранбен фудбалер платила 11,8 милиони евра, а откупната клаузула во неговиот договор изнесува сто милиони евра.
Шпанскиот клуб го доведе Мина како замена за Хавиер Маскерано, кој најверојатно ќе направи трансфер во кинескиот Хебеј Фортун, но и поради повредата на Самуел Умтити.
Мина беше еден од најзаслужните играчи на Палмеирас за освојување на шампионската титула во Бразил 2016 година, а минатата година со тој клуб го зазеде второто место.