Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2018

Суарес со гордост го потврди доаѓањето на Гриезман

Луис Суарес, напаѓачот на Барселона, го најави спектакуларниот трансфер во летниот преоден рок.

Одамна се шпекулира дека Антоан Гриезман од Ателтико Мадрид ќе направи трансфер на „Камп ноу“, а Суарес сега потврди дека работата е завршена.
„Горд сум што во Барселона доаѓаат играчи од светска класа, како што се Дембеле, Кутињо и сега Гриезман“, изјави напаѓачот на Барселона.
Каталонците за францускиот напаѓач издвоиле околу сто милиони евра, од кои 20 ќе одат во некогашниот клуб на Гриезман, Реал Сосиедад.
Уругваецот изјави дека не го гледа Гриезман како конкурент за местото во тимот.
„Тој не доаѓа за да отстрани некого од тимот, туку да донесе предност на теренот и да освојува трофеи“, изјави Ел Пистолеро.

Најнови вести