04.1.2012  Меси и Валдес поради настинка ќе ја пропуштат Осасуна 
   Вечерашната прва средба од Шпанскиот куп против Осасуна Барселона ќе мора да ја одигра без Лионел Меси и Виктор Валдес.  
 
 Актуелниот шпански и европски шампион на својата официјална интернет-страница објави дека Меси и Валдес имаат грип и зголемена температура, поради што тренерот Пеп Гвардиола ќе ги поштеди за вечерашниот дуел, кој ќе се одигра на „Камп ноу“.
Се очекува и двајцата да бидат подготвени за неделниот дуел против Еспањол, во градското дерби во осумнаесеттото коло од Примера лигата.