02.8.2018  Елмас со асистенција во победата на Фенербахче 
   Нашата најголема фудбалска надеж одигра одлично на мечот против Калјари  
 
 Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас одигра уште еден одличен меч во дресот на Фенербахче. На пријателската средба против Калјари, Елмас имаше една асистенција во победата на турскиот тим од 2:1. 
Во 57 минута, Елмас тргна во соло акција, претрча речиси 50-тина метри, а потоа несебично асистираше до Потук, кој погоди за 2:0. 
Елмас кој има само 18 години, стандардно е во првиот тим на Фенербахче во летниот подготвителен период, а досега даде и еден погодок. Турските медиуми за Елмас пишуваат како еден од најталентираните фудбалери во цела лига.