Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Адеми остана во битка за Лигата на шампионите, Елмас и Фенербахче испаднаа

Аријан Адеми и Динамо Загреб без примен гол и со убедлив вкупен резултат од 3:0 ја елиминираа Астана и ќе играат во последната квалификациска фаза за настап во Лигата на шампионите. Елиф Елмас и Фенербахче не успеаја и се елиминирани од Бенфика

Аријан Адеми повторно е на прагот на настап во елитата со Динамо Загреб, а од нов пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите ги дели само еден чекор и елиминација на Јанг Бојс. Вечерва македонскиот репрезентативец капитенски ги предводеше популарните „модри“ до нова победа против Астана, овојпат со 1:0 и со вкупен резултат од 3:0 се пласира во плејоф фазата. Таму ривал ќе им биде швајцарскиот првак Јанг Бојс во двомеч што ќе одлучува која екипа ќе игра во ЛШ.
Елиф Елмас и неговиот Фенербахче не успеаја во двомечот со Бенфика, откамко вечерва во Истанбул беше нерешено, 1:1. Првиот меч заврши со триумф на Португалците од 1:0 и тие ќе играат во плејоф фазата. Елмас го одигра целиот меч.

 

Најнови вести