Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Барселона има вишок странци, Кутињо станува Португалец

Ако Кутињо не земе португалски пасош, на секој меч ќе треба да се откажат од едно од трите засилувања донесени летово

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, треба да одбере кој од фудбалерите што не се од Европа нема да го користи на шпанскиот суперкуп в недела против Севилја. Дури и ако ги продадат или позајмат Јери Мина и Марлон кои немаат европски пасоши, во каталонскиот тим има четворица странци, а дозволено е да играат до тројца. 
Клубот е во трка со времето околу процедурата за вадење на португалски пасош за Филипе Кутињо. Ако Бразилецот стане Португалец, тогаш странци во тимот ќе бидат само Малком, Артур и Артуро Видал. Доколку Кутињо не добие португалско државјанство, тогаш на секој меч на Барса, тренерот ќе мора да отпишува по еден од четворицата неевропски играчи. 
Овој проблем во клубот се појави откако го купија Чилеанецот Видал, и нема да биде пријатно ако треба да отпишат еден од овие тројца, за кои платија повеќе од 90 милиони евра. Во Барселона веруваат дека до дуелот со Севилја, или најдоцна до стартот на првенството, ќе го решат проблемот, но времето ќе покаже дали ќе успеат. 

 

Најнови вести