Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2018

Видал со провокација: Да имаше ВАР, Реал ќе имаше две титули помалку, а јас две повеќе

Новиот играч на Барселона вели дека мадриѓаните се фаворизирани во Лигата на шампиони

Артуро Видал многу брзо ги освои симпатиите кај навивачите на Барселона. Новиот играч на каталонскиот гигант веќе со месеци е жесток критичар на Реал Мадрид. Видал тврди дека Реал е миленик на челниците на УЕФА и дека добива помош кога се работи за дуелите од Лигата на шампионите. 
Во новата сезона од ЛШ, од четврт-финалните дуели ќе се користи ВАР системот, за да нема многу судиски грешки. Чилеанскиот репрезентативец вели дека ако и досега имало ВАР, Реал немало да се радува на толку трофеи во елитната лига на УЕФА. 
„Ако имаше користење на ВАР системот и претходно, тогаш Баерн ќе имаше две титули повеќе во ЛШ, а Реал две помалку“, вели некогашниот играч на Баерн, кој во оваа сезона го облече дресот на Барселона. 
Видал најави дека негова цел со Барселона е да ги освои сите можни титули, а, секако, една од тие и таа во Лигата на шампионите.

 

Најнови вести