Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Јунузовиќ знае колкав е влогот: Не смееме да ја утнеме Лигата на шампионите

Златко Јунузовиќ се враќа во составот на Ред Бул Салцбург, а искусниот поранешен австриски репрезентативец е голем адут на „биковите“ против Шкендија и на патот на австрискиот првак кон Лигата на шампионите

Со 55 настапи за австриската репрезентација и 188 во силната Бундеслига, Јунузовиќ го носи неопходното искуство во младиот состав на Салцбург. Првиот меч од третото квалификациско коло за настап во ЛШ против Шкендија, Салцбург го игра вечерва од 19 часот.
„Имаме екстра квалитетен состав, а нашите млади играчи се зрели и верувам дека на терен ќе го потврдат талентот. Лигата на шампионите е тоа вистинското во европскиот фудбал и ние не смееме да си дозволиме елиминација. Денеска ќе се обидеме да направиме добра предност пред реваншот со македонскиот првак“, вели Јунузовиќ.
Салцбург со него е поинаков тим, а 30-годишниот офанзивец само ќе биде дополнителен квалитет во извонредниот австриски состав. 

 

Најнови вести