Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Чудна болест ја фати тревата на „Сити арена“, Спартак ги гази ривалите на свој терен

Шкендија има теоретска можност да игра против Спартак Трнава во плејоф фазата за настап на Лигата на шампионите, а ако се случи чудо тетовци би играле на исклучително лош терен

Словачкиот првак Спартак Трнава домашните натпревари ги игра на „Сити арена“, комплекс кој изгледа солидно, но тревникот е екстремно лош и не доликува за натпревари од рангот на квалификации за Лигата на шампионите. Домаќините се правдаат дека некаква чудна болест ја фатила тревата на теренот кој личи на вистинска ораница. Утре од 20,30 часот Спартак ќе го игра реваншот од третото квалификациско коло за пласман во фазата по групи во ЛШ против Црвенаљ Звезда. Првиот меч во Белград заврши нерешено, 1:1, што е значајна предност за клубот од Трнава, а сега и лошиот тревник на „Сити арена“ е голем плус за домаќините, кои се навикнати на теренот. Победникот од овој двомеч ќе игра со подбриот од двата дуели меѓу Салцбург и Шкендија.

 

Најнови вести