Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Барселона му одговори на Пари Сен Жермен, Ракитиќ е слободен за 125 милиони евра

Пари Сен Жермен сè уште не се откажува од ангажман на Иван Ракитиќ, но раководството на Барселона не сака преговори и има само еден одговор за „светците“

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ може да се пресели во Париз, во редовите на ПСЖ, но само ако ја плати отштетата од 125 милиони евра. Таков е одговорот од челниците на Барселона, кои одбија какви било преговори за евентуално намалување на оштетата.
ПСЖ нема многу простор во буџетот за веднаш да ја плати оштетната клаузула од договорот на Ракитиќ со Барселона. Парите за богатите шеици од Катар, кои се сопственици на ПСЖ, воопшто не се проблем, но пречка е финансискиот фер плеј. А, ПСЖ одамна го надмина со купувањето на Нејмар и Мбапе, двајцата за вкупно околу 400 милиони евра. Сега не им минува познатиот начин со позајмица и купување на рати бидејќи во случајот на Ракитиќ, Барселона ги бара парите веднаш.

 

Најнови вести