Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2018

Европскиот првак „непријателски“ настроен кон Шкотска

Португалците три пати ја тресеа мрежата во Глазгов пред домаќините да дадат почесен гол.

Португалија добро го искористи одморот од Лигата на Нации, па во пријателска средба против Шкотска оствари убедлива победа од 3-1. На гостувањето ов Глазгов, селекторот Фернандо Сантош се одлучи да им даде шанса на неколку играчи кои не настапија на претходните мечеви против Италија и Полска во новото репрезентативно натпреварување, а неговите избраници ја оправдаа довербата.

Првата радост за европскиот шампион ја донесе Елдер Коста во 44-та минута, а Едер и Брума во второто полувреме погодија за убедливата предност. Стивен Неисмит во третата минута од судиското надополнување постигна почесен погодок за домаќинот.

За утре се предвидени две пријателски средби во кои учествуваат светскиот вицешампион Хрватска и актуелниот азиски шампион Австралија. „Коцкестите“  играат против селекцијата на Јордан, додека „кенгурите“ гостуваат кај Кувајт.

Најнови вести