Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2013

Јамајка бара нов селектор

Теодор Витмор, селекторот на фудбалската репрезентација на Јамајка, поднесе оставка поради лошите резултати во квалификациите за Светското првенство 2014 година.

Јамајка во вторникот изгуби од Хондурас со 0-2, а пред тоа претрпе порази од Мексико и од САД.
Хорас Барел, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јамајка, рече дека работата на селекторот зависи од резултатите и оцени дека играта на националниот тим под водство на Теодор Витмор не беше добра.
Тој додаде дека во наредните неколку денови ќе биде именуван нов селектор.
Јамајка во квалификациите за Светското првенство во Бразил се натпреварува во групата со Северна и Централна Америка и Кариби и го зазема последното, шесто место со два бода.
Прва е селекцијата на САД со десет бодови од пет натпревари, Костарика има два помалку, додека Мексико е на третото место, исто така, со осум бодови, но од шест натпревари. Хондурас и Панама одиграа по пет натпревари и собраа седум, односно шест бодови.

Најнови вести