Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2014

И Самарџиски нема да игра во квалификациите за ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе биде драстично ослабена во квалификациите за Европското првенство 2015 година.

Откако претходно се откажаа Антиќ, Гечевски и Чековски, во репрезентативниот состав нема да биде и Предраг Самарџиски.
Илија Мерџаноски, директорот на македонската репрезентација, имал состанок со центарот на турскиот Мерсин, од каде што му било соопштено дека Самарџиски поради проблеми со колената, кои веќе подолго време го мачат, нема да може да настапува за нашиот национален тим во квалификациите за Европското првенство.
Исто така, проблеми со повреда на коленото има и Војдан Стојановски, кошаркарот на Алба, но Мерџановски се надева дека тој ќе може да игра во квалификациите.
Новиот селектор Александар Џикиќ сега ќе треба да реши дали во квалификациите ќе смета на Лестер Бо Мекејлеб или ќе го засили тимот со Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс, кој одигра одлична сезона во Локомотив Кубањ.
Репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2015 година ќе игра против селекциите на Белгија, Белорусија и Данска.


Најнови вести