Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2018

Со камата му вративме на Гибралтар

Младата фудбалска репрезентација славеше со 6:1 во последниот меч од неуспешните квалификации за ЕП

Македонските фудбалски со убедлива победа од 6:1 против Гибралтар ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство во Италија. Оваа победа е само убав финиш на едни неуспешни квалификации, бидејќи во 10 натпревари ова беше само втора победа за нашите играчи до 21 година.
Младинците пред една година непријатно беа изненадени и загубија со 1:0 на гости кај аутсајдерот Гибралтар, по што беше јасно дека нема да имаат шанси за место на завршницата на континенталниот собир. Сепка, сега успеаа да се реваншираат и тоа со камата.

Серијата погодоци на „Тренинг центарот Петар Милошевски“ ја започна Агрон Руфати во 10 минута, а до полувремето погоди и Димитар Митровски во 33 минута. Второто полувреме беше многу поефикасно. Давор Здравковски погоди во 48 минута за 3:0. Гостите дадоа почесен погодок во 63 минута преку Клинтон, а три минути подоцна Никола Ѓорѓев зголеми на 4:1.До крајот на дуелот, Митровски комплетираше хет-трик откако погоди во 71 и 73 минута.
Македонија ги завршува квалификациите на петото место во групата со само седум бода од 10 меча.

Најнови вести