Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Рибас го објави составот на Гибралтар за историскиот меч со Македонија

Селекторот на Гибралтар, Хулио Рибас го објави поширокиот состав за првиот и историски меч на оваа земја на домашен терен, против Македонија во Лигата на нациите, што ќе се игра на шести септември

Микс од 25 домашни играчи и четири репрезентативци кои играат во пониските лиги на Англија ќе бидат адутот на аутсајдерот Гибралтар против Македонија, на стартот од новото натпреварување во Европа, популарната Лига на нации. Селекторот Хулио Рибас и нема преголем избор, објави поширок список од 29 играчи, кои ќе играат историски меч, прв на домашен терен, на стадионот „Викторија“ во Гибралтар. Досега оваа репрезентација како домаќин играше во Фаро, Португалија.
Составот го предводи капитенот Рој Чиполина, кој игра за шампионот на Гибралтар, Линколн Ред Импс. Од оваа екипа има десет репрезентативци и тие се костурот на репрезентацијата на Гибралтар. 
Најпознат фудбалски печалбар на домашната селекција е Риз Стич, напаѓачот на Дарлингтон, екипа која игра во Националната Ванарама лига северен регион, петто по ранг натпреварување во Англија. Оттаму доаѓаат уште тројца репрезентативци на Гибралтар, но тие играат во екипи од уште понизок ранг од Дарлингтон.
Мечот со Македонија ќе се игра од 20.45 часот на шести септември, на теренот со вештачка трева на стадионот„Викторија“.

Поширок состав, Гибралтар:

Голмани: Голдвин, Кафер, Колејн

Одбрана: Р. Чиполина, Џ. Чиполина, Гарсија, Оливеро, Срџант, Барнет, Паси, Енесли, Брито.

Среден ред: Вокер, Бардон, Е. Ернандез, А. Ернандез, Босио, Лопез, Понс, Гаро, Торилја, Роба, Валарино.

Напад: Стич, Каскјаро, Дуарте, Кумбс, Де Бар, Клинтон.

Селектор: Хулио Рибас.

 

Најнови вести