Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2018

Русите рутински против Турција

„Зборнаја“ втор пат ја реши турската селекција во Лигата на Нации

Русија славеше рутинирана победа од 2-0 против Турција во третото коло во Лигата на Нации во сегментот Б, група 2. По триумфот од 2-1 во Трабзон, избраниците на Черчесов одново остварија позитивен резултат, а најзалужни за победата беа дефанзивецот на Фенербахче, Роман Нојштадер, кој го постигна првенецот во руската селекција, додека дилемите на оваа средба ги реши Черишев, кој погоди за 2-0 во 78-та минута.

Русија сега е прва во групата 2, има седум бода од три средби, додека Турција има остварено само една победа над Шведска, која ја забележи во септемврискиот репрезентативен циклус со 3-2.

Во групата 3 од сегментот Д, двете средби завршија без победник. Азербејџан ремизираше против Малта со 1-1, а со идентичен резултат заврши средбата Фарски Острови – Косово.

Најнови вести