Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2018

Германија и Хрватска во неславно друштво со Сан Марино

Светскиот првак од 2014 година и актуелниот светски вицешампион се меѓу петте репрезентации кои сѐ уште немаат реализација во Лигата на нациите.

Колку игра лошо Германија во овој циклус во Лигата на нациите, покажува и статистиката. По два порази и едно реми, Германија сѐ уште нема постигнато гол во ова натпреварување, а тоа се случува и со Хрватска.

По три кола одиграни во септемврискиот и октомврискиот прозорец, само пет репрезентации oд вкупно 55 учесници се без реализација, а Германија и Хрватска се најдоа во неславно друштво со Исланд, Естонија и Сан Марино.

Без разлика што Германија е во група со Франција и Холандија, односно Хрватска е во група со Шпанија и Англија, никој не очекуваше дека овие две селекции ќе бидат најголемото разочарување во досегашниот тек на ова натпреварување.

Во ноември ќе имаат последна шанса да го поправат впечатокот.

Најнови вести