Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2018

Кога играат Македонија и Ерменија, тоа е најава за 3+

На шест од вкупно седум меѓусебни мечеви имало барем три голови

Македонската фудбалска репрезентација денеска има шанса да го осигура првото место во групната фаза од Лигата на нации. Нашите најдобри фудбалери вечерва гостуваат кај Ерменија, каде со победа веќе ќе може да се прослави загарантираната лидерска позиција.
Против Ерменија имаме одиграно седум меча, а карактеристично е тоа што на овие мечеви секогаш имало погодоци. Дури шест средби завршиле со 3+, а на единствено последната меѓусебна пресметка од минатиот месец во Скопје, Македонија ја доби со 2:0. Затоа, ако се гледа традицијата и денеска во Ереван треба да се очекува мрежите да се тресат.
Во досегашниот дел од Лигата на нации, Македонија го има вториот најдобар напад во Д сегментот. Во три меча постигнавме осум погодоци, а единствено Луксембург со 10 гола е поефикасен, но од четири дуели. Македонија го има најопасното трио во нападот. Алиоски, Пандев и Трајковски се во Топ 5 стрелците во Д сегментот. Овие тројца заедно имаат дадено седум голови.
Македонија е без пораз веќе 10 натпревари, а брка историска четврта победа во низа.

Најнови вести