Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Тричковски го менува Несторовски, Македонија сака да игра викторија на „Викторија“ против Гибралтар

Иван Тричковски е во опасна гол-форма и ќе биде стартер вечерва против Гибралтар, на местото на Илија Несторовски, а според составот за кој се одлучи селекторот Ангеловски, Македонија најавува офанзива против Гибралтар

Иван Тричковски ќе игра од почеток против Гибралтар, а Илија Несторовски не е во првиот состав на Македонија за првиот меч во Лигата на нациите. Тоа е единствената значајна измена што ја направи селекторот Игор Ангеловски, во однос на стандардниот состав и на играчите кои ги има на располоагање. Македонија ќе игра офанзивно, на победа против аутсајдерот, а според рејтингот и квалитетот би требало да ја играме популарната викторија на стадионот „Викторија“, вечерва од 20.45 часот.
Ова е прв меч за нас во новоформираната Лига на нации, а целта е најпрво да се освои првото место во четвртата група, а потоа и целиот Сегмент Д за да оствариме историски пласман на ЕП во 2020 година.

 

Најнови вести