Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2016

Барса без новото засилување Гомес

Андре Гомес, најголемото овогодишно засилување на Барселона, би можело да паузира на неодредено време.

Португалскиот репрезентативец  се повреди во пријателскиот натпревар на својата селекција со Гибралтар (5-0) во четвртокот.
Гомез влезе во игра како резерва на местото на Жоао Марио во 60-тата минута, но го напушти теренот само по 20 минути.
Фернандо Сантос, селекторот на Португалија, по натпреварот изјави дека Гомес го извел поради внимателност, иако веќе немал право на измени, а не е наведува за каква повреда станува збор.
„Марка“ пренесува дека Гомес добил неколку силни удари во десната нога, а проблемот и евентуалната пауза ќе ги проценат медицинските прегледи.
Барселона на крајот на јули го доведе Гомес од Валенсија за 35 милиони евра, плус бонуси коишто можат да достигнат дополнителни 20 милиони.
Дебитираше во Суперкупот против Севилја на средината на август, а директно учествуваше кај два од трите гола.

Најнови вести