Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2018

Гибралтар накитен во славеничко расположение го чека мечот со Македонија

Гибралтар со нетрпение го очекува мечот со Македонија, утре од 20.45 часот, прв за оваа земја на домашен терен, на стадионот „Викторија“

Гибралтар е во некаква славеничка атмосфера и накитен го чека првиот и историски меч на сопствен терен, утре против Македонија на стадионот „Викторија“.
Домаќините специјално за утрешниот меч отворија и „Фан шоп“ и се надеваат на добра продажба и приход, а сепак признаваат дека Македонија е апсолутен фаворит за победа.
„Македонија е прв фаворит во нашата група, но тоа не значи дека ќе се предадеме. Сакам да внесам борбен дух во репрезентацијата, да се бориме до последениот атом на силите, без разлика на исходот. Сите добро ги знаат во Европа фудбалерите од калибарот на Пандев, Барди, Несторовски, Алиоски, Трајковски... Сепак, нема да им се предадеме и ќе играме борбено и мотивирано до крај“, изјави Уругваецот Рибас, кој е селектор на Гибралтар.

 

Најнови вести