Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2018

Фудбалот доаѓа дома - Гибралтар ја чека Македонија со најава по англиски модел

Селекцијата на Гибралтар со интересна најава по англиски модел ја чека Македонија, конечно на свој терен, за првпат во историјата на фудбалот во оваа земја

„Фудбалот доаѓа дома“ е еден од најпознатите рефрени во песните на англиските навивачи, а пораката особено актуелна беше во текот на Мундијалот во Русија. Со таква најава и репрезентацијата на Гибралтар ја чека Македонија на мегдан на 6-ти септември, во првиот меч од четвртата група во сегментот Д во Лигата на нациите.
Ако Англичаните симболично го најавуваа враќањето на фудбалот во својата земја, поради тоа што се сметаат за колевка на оваа игра, за репрезентацијата на Гибралтар „фудбалот доаѓа дома“ значи нешто сосема поинакво.

Конечно за првпат во нивната фудбалска историја ќе играат официјален меч на свој терен - на стадионот „Викторија“ со капацитет од 2 илјади места, по долг престој како домаќини во Фаро. Досега Гибралтар официјалните натпревари во квалификациските циклуси ги играше во Португалија, но сега теренот со вештачка трева на стадионот „Викторија“ е подготвен за игра и за прв меч токму против нашата селекција.
Македонија е апсолутен фаворит на 6-ти септември од 20.45 часот, а амбициите како второрангирана селекција во сегементот Д се највисоки. Да се освои првото место во групата, потоа да се биде најдобар и во разигрувањето, за конечно да се оствари пласман на Европско првенство.

 

Најнови вести