Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2014

Враќање на Антиќ со девет поени во триумфот над Мајами

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој го пропушти стартот на подготовките пред новата сезона на НБА-лигата поради повреда на носот, го одигра својот прв натпревар.

Антиќ во натпреварот против Мајами хит играше со заштитна маска на лицето и беше еден од најзаслужните за триумфот на Атланта хокс од 109-103.
Атланта заостануваше со 15 поени пред да влезе македонскиот кошаркар, но потоа само за 11 минути Антиќ постигна девет поени и три скока.
Најдобар поединец кај Атланта беше Пол Милсап со 23 поени, а во екипата на Мајами најпрецизен беше Крис Бош со 22 поени, додека Двејн Вејд постигна 16 поени.


Најнови вести