25.12.2014  Џанфранко Ѕола нов тренер на Калјари 
   Италијанскиот фудбалски клуб Калјари за нов тренер вчера го ангажира Џанфранко Ѕола , кој на тоа место ќе го замени отпуштениот Зденек Земан.  
 
 На Ѕола тоа му е прва работа во Серија А, а претходно во италијанскиот фудбал како тренер работеше во младата репрезентација. Тој досега ги тренираше англиските клубови Вест хем и Ватфорд.
Калјари оваа сезона има големи проблеми, по 16 одиграни кола, се наоѓа дури на 18-тото место во Серија А со 12 освоени бодови.