Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2015

Регистрирана новата АБА-лига

Новата АБА-лига и официјално е регистрирана вчера во Стопанскиот суд во Загреб.

Со тоа практично е отстранета и последната административна препрека за да може регионалното клупско натпреварување да продолжи со своето постоење.
На претставниците на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда, коишто се наоѓаат во Барселона на состаноците на УЛЕБ и на Евролигата, вчера вечерта им било соопштено дека новата АБА-лига ќе биде верификувана од страна на УЛЕБ штом стигне неопходната документација од Загреб.
Вчера во Барселона беше одржан состанокот на УЛЕБ, денес ќе се одржи состанокот на Евролигата (ЕКА), а утре и ждрепката за најсилното европско натпреварување.

Најнови вести