Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Самарџиски не е во плановите на Мега

Искусниот македонски центар најверојатно ќе треба да бара нов клуб

Предраг Самарџиски не е на листата на кошаркари на Мега Бемакс кои ќе отпатуваат на турнејата на Бахамите. Српскиот прволигаш и учесник во АБА-лигата веќе две седмици тренира и се подготвува за новата сезона, а веќе в сабота, против селекцијата на Катар, ќе ја имаат првата од серијата контроли.

Во вторник, екипата на тренерот Дејан Милојевиќ заминува на долг пат до Бахамските Острови, каде што ќе има пресметки против великанот на НЦАА, Универзитетот Кентаки, и против аргентинскиот тим Сан Лоренцо, а на враќање, во Шпанија ќе се сретне со Универзитетот Мичиген и мадридски Естудијантес.

Во составот на Мега Бемакс го нема Предраг Самарџиски. Македонскиот центар минатата сезона, како убедливо највозрасен играч во составот, ја финишираше во розево-синиот дрес на Мега, но сега тој е слободен играч и веројатно ќе бара нов клуб во кој би ја продолжил кариерата.