Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2011

Македонија поразена, но не и победена од Шпанија

Во своето прво полуфинале на Европските првенства во кошарка, Македонија загуби од актуелниот европски шампион со 92-80.

Македонските репрезентативци се бореа како лавови против високите Шпанци, но немаа решение против расположениот Наваро кој постигна 35 поени и браќата Пау и Марк Гасол со 22 и 11 поени.
Предводени од извонредниот Бо Мекелеб со 25 и капитенот Перо Антиќ со 17 коша нашите репрезентативци три четвртини беа и повеќе од рамноправен противник против големиот фаворит. Покрај нив, и Владо Илиевски со 15 и Предраг Самарџиски со 12 поени беа нашите најефикасни кошаркари кои го оставија срцето на теренот, што за жал, не беше доволно за финале во Литванија.
Првото полувреме го доби Македонија со 45-44, но при крајот на третата четвртина проработе Хуан Карлос Наваро кој со пет тројки од девет обиди ја направи разликата која Шпанците ја одржаа до самиот крај.
Како утеха за нашите златни момчиња останува мечот за бронзата на Евробаскетот во недела во 16:30 часот во кој повторно ќе играме со Русија.

Најнови вести