Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2012

МЗТ од наредната сезона во Јадранска лига

Со потписот којшто управата на МЗТ Скопје го стави на договорот, тој и официјално од следната сезона, па во наредните три ќе биде дел од силното регионално натпреварување, АБА-лигата.

Преговорите траеја веќе неколку години и конечно се дојде до договор со челниците на АБА-лигата и претседателот на клубот Сашо Босилков.
„Потписот кој го ставивме го потврдува она што од неодамна беше познато, дека МЗТ Скопје ќе биде првиот претставник на Македонија што ќе учествува во Јадранската лига. МЗТ Скопје со ова ќе се обиде да ја врати македонската кошарка онаму каде што ѝ е местото, меѓу најсилните клубови од поранешна Југославија. Искрено, се надеваме дека вистинските љубители на кошарката од октомври ќе може да уживаат во натпреварите со противници како што се: Макаби, Партизан, Цибона, Црвена ѕвезда, Олимпија“, стоеше во соопштението на клубот од Скопје.
Важно е да се напомене дека иако договорот е потпишан за наредните три сезони, ако МЗТ биде пласиран на последното место во лигата, автоматски би значело губење на правото за настап во следните години.

Најнови вести