Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2018

МЗТ покажа дека знае да победи и во продолжение

Откако регуларните 40 минути завршија 79:79, „штрковите“ одиграа одлично во дополнителните пет минути

Нов неизвесен меч за МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, но овојпат со среќен крај за македонскиот тим. Во салата „Јане Сандански“ МЗТ го победи Ловќен со 100:90 но дури по продолжение од пет минути. Во регулраниот дел, средбата заврши 79:79.
Ова е втор дуел по ред на кој МЗТ игра продолжение. По поразот на гостувањето кај Приморска, овојпат играчите на МЗТ покажа дека знаат како да одиграат во решавачките моменти. Откако во поголемиот дел од регуларните 40 минути бркаа предност на гостите, МЗТ во продолжението започна силовито и брзо стигна до предност од 89:82, па беше јасно дека победата ќе остане за „штрковите“.
Медфорд со 24 поени беше најефикасен кај МЗТ, а со двоцифрен број поени завршија и Вудард (17 п.), Младеновски (14 п.), Иванов (13 п.) и Бојиќ (12 п.). За МЗТ Скопје ова е трета победа во четвртото коло и потврди дека ќе биде еден од конкурентите за враќање во првата АБА лига.