Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

МЗТ со победа и пораз против Левски

На денешниот втор меч, поголема шанса добија младите и резервистите

Триумф од 97:93 и пораз од 80:91, е учинокот на МЗТ Скопје Аеродром во пријателските пресметки со бугарскиот првак Левски Лукоил. 

Тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов синоќа даде 16 тројки и со напад го доби гостинот од Софија, но попладнево Бугарите беа подобри, особено во втората четвртина. Работата им беше олеснета со тоа што главните играчи на МЗТ (Стојановски, Симоновски, Соколов, Иванов и Младеновски) играа малку, а поголема шанса добија младите и понеискусните.

Од понеделник, шесте репрезентативци кои ги има МЗТ ќе му се приклучат на националниот тим, а потоа во втората половина на септември продолжуваат со подготовки за стартот на настапите во втората АБА лига. 

И на третиот контролен натпревар летово, во редовите на „штрковите“ најефикасен беше американски бек. Денеска беше Вудард, исто како на дуелот со Гостивар, а вчера против Левски најрасположен беше Медфорд. На овие мечеви во прв план е воигрување на екипата, а победите и поразите се добредојдени за зголемување на самодовербата односно мотивација.