Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2013

Влада Вукоичиќ е нов тренер на МЗТ Скопје

Влада Вукоичиќ е новиот тренер кој ќе го предводи МЗТ Скопје Аеродром, откако по заминувањето на Алеш Пипан кошаркарскиот шампион на Македонија остана без шеф на стручниот штаб.

Четириесетгодишниот Вукоичиќ досега беше тренер на: ФМП Железник (2005 – 2008), Хемофарм Вршац (2008), Остенде од Белгија (2008), Босна (2008 - 2009), Мега Визура (2010 – 2011) и Црвена ѕвезда (2012 – 2013), а има искуство и со младинската и со сениорската репрезентација на Србија.
Влада Вукоичиќ минатата сезона беше тренер на Црвена ѕвезда, со која настапи во АБА-лигата и во Еврокупот. Со „црно-белите“ постигна 18 победи и шест порази во АБА, додека во Еврокупот се пласира во Топ 16.

Најнови вести