Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Монтоја се врати во Примера

Шпанскиот фудбалер Мартин Монтоја ќе го помине остатокот од сезоната во Бетис.

Монтоја летоска помина од Брселона во Интер, но не успеа да се избори за место во тимот на Роберто Манчини.
Се врати од Интер каде беше на позајмица, но Каталонците веднаш го проследија во тимот од Севилја.
„Дојдов со големи амбиции и желба конечно да играм и да се чувствувам како фудбалер. Среќен сум што дојдов во толку голем клуб како што е Бетис“, изјави Монтоја.
Монтоја за Интер одигра само четири натпревари оваа сезона.

Најнови вести