Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Кејхил останува во Кина, потпиша за Хангжу

Најдобриот австралиски фудбалер на сите времиња Тим Кејхил потпиша договор на шест месеци со кинескиот клуб од првата лига Хангжу.

Кејхил на тој начин останува во Кина откако неодамна го раскина договорот со Шангај Шенхуа.
Триесет и шест годишниот ветеран зад себе има успешна сезона во Шангај бидејќи постигна 11 голови на 28 натпревари.
Кејхил во текот на кариерата играше за Милвол, Евертон и Њујорк Ред булс, а најголемата трага ја остави во клубот од Ливерпул каде помина девет години.
За репрезентацијата на Австралија настапи на 88 натпревари и постигна 45 голови.

Најнови вести