Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2016

Окслејд-Чемберлен два месеци надвор од теренот

Играчот за врска на Арсенал Алекс Окслејд-Чемберлен ќе паузира меѓу шест и осум седмици, потврди менаџерот Арсен Венгер.

Младиот фудбалер го повреди коленото на натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите.
Сепак добрата вест за „топчиите“ е тоа дека нема да мора да замине на операција, бидејќи тоа го покажуваат резултатите од скенирањето.
Венгер исто така додаде дека Чемберлен ќе може да игра за репрезентацијата на Англија на Европското првенство.
Тој поради повреда веќе го пропушти Мундијалот во Бразил пред две години.

Најнови вести