Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2016

Виторија: Ја очекував оваа победа

Тренерот на Бенфика Руи Виторија изјави дека очекувал неговите фудбалери повторно да го победат Зенит и да се пласираат во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

По победата со 1-0 славеа во Лисабон, Бенфика славеше со 2-1 на гостувањето во Санкт Петербург, а Виторија истакна дека неговиот тим го заслужил местото во четврт-финалето.
„Очекував дека ќе победиме во Санкт Петербург. Игравме многу добро и потполно ја заслуживме победата и пласманот во следната рунда“, изјави Виторија по натпреварот.
Зенит во дуелот со Бенфика водеше со голот на Хулк, но триумфот на гостите им го донесоа Гаитан и Талиск во финишот на средбата.
Тренерот на Зенит, Андре Вилаш-Боаш беше многу незадоволен.
„Ова е голема штета за тимот кој играше добро и успеваше да направи одлични шанси. Мислам дека не е фер што се случи на натпреварот, не беше наш ден“, нагласи Вилаш-Боаш.

Најнови вести