Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2016

Тренерска смена во Палермо по осми пат во сезоната!

Италијанскиот тим Палермо го ангажираше Валтер Новелино за нов тренер, што е осма промена на клупата на овој италијански клуб оваа сезона.

Палермо се наоѓа во хаотична состојба во последните месеци, а Џузепе Јакини оваа седмица ја напушти клупата по само два натпревари. Тоа му беше втор ангажман во овој клуб оваа сезона откако беше отпуштен кон крајот на минатата година.
Покрај Јакини, тимот во текот на сезоната уште го водеа и Давиде Балардини, Фабио Вивијани, Гилјермо Шелото, Џовани Тедеско и Џовани Боси.
Палермо по 28 кола го зазема 17-тото место на табелата во Серија А со 27 бодови, еден повеќе од Фрозиноне кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Валтер Новелино (62) во текот на својата кариера водеше бројни тимови, како Перуџа, Наполи, Сампдорија и Торино. Последната работа ја имаше во Модена.
Новелино на клупата на Палермо треба да дебитира во недела кога неговиот клуб ќе го пречека Наполи во италијанскиот шампионат.

Најнови вести