Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Несторовски стрелец за победа на Палермо

Македонскиот репрезентативен играч Илија Несторовски е херој на Палермо, со неговиот гол екипата од Сицилија славеше со 1-0 над Кротоне во 23-тото коло од Серија А.

Речиси по два месеци, Несторовски повторно им донесе победа на Сицилијанците, кои последен пат славеа во декември, во натпреварот од италијанското првенство на гости кај Џенова(3-4), а со овој погодок на нашиот репрезентативец дојдоа до третата победа оваа сезона.
Несторовски одигра 92 минути од натпреварот, а во 27-мата минута од средбата против директниот конкурент во борбата за опстанок го постигна неговиот деветти гол сезонава во Италија. Во стартната постава беше и Александар Трајковски, кој одигра 75 минути од средбата.
По оваа победа, Палермо со 14 освоени бода на табелата сега е пред Кротоне, кој има 13 бода. Сицилијанската екипа сега се наоѓа на осум бода од местото кое нуди опстанок. Емполи, по вчерашното реми со Торино, сега има 22 бода и е на 17-та позиција.

Најнови вести