Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2017

Валтер Ѕенга нов тренер на Кротоне

Ѕенга на клупата на Кротоне го замени Давиде Никола, кој во средата неочекувано поднесе оставка по средбата со управата на клубот.

Валтер Ѕенга, некогашниот голман на Италија, вчера беше именуван за тренер на фудбалскиот клуб Кротоне.
Ѕенга на клупата на Кротоне го замени Давиде Никола, кој во средата неочекувано поднесе оставка по средбата со управата на клубот.
Кротоне беше поразен во последните четири натпревари во сите натпреварувања, а во Серија А се наоѓа на 16-тото место на табелата само со два бода над зоната за испаѓање.
Валтер Ѕенга во кариерата, меѓу останатото, ги тренираше: Црвена ѕвезда, Стеауа, Катанија, Палермо и Сампдорија.
Тој на клупата на Кротоне ќе дебитира утре, во натпреварот против Сасуоло.