Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2016

Победа на Розберг, судир на Алонсо

Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја отвори новата сезона во Формула 1 со победа на трката за Големата награда на Австралија.

Розберг оствари резултат од еден час, 48 минути, 15 секунди, 565 и оствари четврта победа по ред, а 15-та во кариерата.
Бранителот на титулата и неговиот клупски колега Луис Хамилтон заврши на второто место по бурната трка која ја одбележи големиот судир на Фернандо Алонсо.
Тој во 18-тиот круг по судирот со Естебан Гутиерез мораше да ја заврши трката, но помина неповреден.
На третото место заврши Себастијан Фетел од Ферари кој долго време ја држеше првата позиција, но ризикот со меките гуми сепак не му се исплатеше.
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо го зазема четвртото место, пети беше Фелипе Маса од Вилијамс, додека шестото место го зазема Роман Грожан за дебитантската екипа во Ф1, Хас. Бодови уште освоија Нико Хилкенберг од тимот на Форс Индија, возачот на Вилијамс Валтери Ботас и возачите од тимот на Торо Росо, Карлос Саинц и Макс Верштапен.
Следната трка во шампионатот ќе се вози на 3-ти април за Големата награда на Бахреин.

Најнови вести