Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Раиконен „леташе“ по Монца

Финецот со рекорд на патеката, ја освои пол-позицијата пред утрешната трка

Кими Раиконен ќе тргне прв на утрешната трка за Големата награда на Италија, приредувајќи им голема радост на „тифозите“ чиј омилен тим во Формула 1 е Ферари. Раиконен постави нов рекорд на Монца, и за нијанса беше побрз од клупскиот колега Себастијан Фетел, кој ќе тргне како втор.

Во овие квалификации Ферари покажа дека е конкурентен, и тоа најавува голема борба за поените на утрешната трка. 

Раиконен кој следниот месец ќе наполни 39 години, е највозрасниот Ф1 пилот кој од 1994 година наваму освоил пол-позиција. „Ледениот Финец“ патеката „Монца“ ја мина за 1 минута, 19 секунди и 19 илјадитинки, што е побрзo од било кој претходно во историјата. 

Зад Раиконен ќе стартуваат Фетел, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Макс Верстапен и Ромен Грожан. Италијанците после осум години дочекаа еден пилот на Ферари да освои пол-позиција, а утре ќе чекаат „еден-два“ победа на Фетел и Раиконен, што би ја направило борбата за светската титула многу поинтересна. 

 

Најнови вести