Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2016

Хамилтон стартува од пол позицијата

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон одлично ја започна новата сезона и постигна најдобро време на квалификациите на патеката „Алберт парк“ на трката за Големата награда на Австралија со што дојде до својата јубилејна 50-та пол позиција во кариерата.

Нико Розберг, клупскиот колега на Хамилтон, ќе стартува исто од првиот ред, а зад нив се возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
Во Австралија немаше изненадување, фаворитите ги заземаа очекуваните стартни позиции, а новиот систем во квалификациите беше воведен за да им даде поголема шанса на помалите тимови, но во пракса не се покажа така.
Трката за Големата награда на Австралија е закажана за утре со почеток во 07:00 часот по македонско време.

Резултати од квалификациите за ГН Австралија:
1. Луис Хамилтон Мерцедес 1:23,837
2. Нико Розберг Мерцедес 1:24,197
3. Себастијан Фетел Ферари 1:24,675
4. Кими Раиконен Ферари 1:25,033
5. Макс Ферстапен Торо Росо 1:25,434
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:25,458
7. Карлос Саинс Торо Росо 1:25,582
8. Даниел Рикјардо Ред Бул 1:25,589

Најнови вести