Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Лауда е во стабилна состојба, но...

Лекарите велат дека рехабилитацијата ќе трае подолго и ќе треба трпение бидејќи не станува збор за млад човек

По операцијата со која му беше трансплантиран бел дроб, Ники Лауда, 69-годишната легенда на Формула 1, се наоѓа во стабилна здравствена состојба. Трикратниот шампион на Ф1 се наоѓа во приватна клиничка болница во Виена, а торакалниот хирург кој го направи оперативниот зафат ја објасни моментната состојба на Лауда. 
„Засега, сè оди според планот. Лауда не е млад пациент, па затоа закрепнувањето ќе оди побавно и ќе треба повеќе време“, изјави професорот Валтер Клепетко. 
Лауда, кој е почесен претседател на тимот на Мерцедес во Формула 1, во минатото (во 1997 и 2005 година) има добиено и нови бубрези, а во болница ќе остане неколку седмици. 
„Млад пациент може да биде пуштен на домашно лекување за две до три седмици, а кај постарите рехабилитацијата е подолга“, додаде Клепетко.

 

Најнови вести