Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2016

Ф1: Нова сезона, нови правила во квалификациите

Овој викенд започнува новата сезона во Формула 1. Првата трка за Големата награда на Австралија ќе се вози на „Филип Ајланд“, а пред возачите и навивачите има еден необичен предизвик- да се совлада новиот систем на квалификациите кои ќе се применува од оваа сезона.

Покрај незадоволството на возачите и навивачите, по 10 години, правилата на квалификациите за трката во Формула 1 се променети пред самиот почеток на сезоната, а ќе се применува од трката на „Филип Ајланд“.
Фернандо Алонсо беше еден од најгласните противници за промената на правилата, но не поради самите возачи туку поради навивачите. Шпанецот најмногу е загрижен што сега се менува работата која на навивачите им беше најлесна за разбирање.
Основната разлика на новиот во однос на стариот систем на квалификации е што сега има повеќе болиди и возачи на патеката, а возачите ќе бидат елиминирани во одреден временски рокови во текот на сесијата.
Од Мерцедес се прилично бесни поради новината бидејќи во неа не гледаат ништо добро. За тимовите тоа значи дека ќе мораат во квалификациите да влегуваат со нови пневматици, додека на третата квалификациска сесија нема да има многу возачи на патеката, посебно во последните 8 минути.
Во текот на сезоната ќе има промени и правила во комуникацијата меѓу тимот и пилотот која ќе биде редуцирана, што дополнително ги разлути возачите, но и навивачите, особено оние крај малите екрани нема да бидат воодушевени бидејќи можноста, условно речено, да седат во болидот со возачите ќе биде намалена.

Најнови вести