Корисничко име Лозинка Пријави се
02.11.2015

Розберг победи во Мексико, доминација на Мерцедес

Германскиот возач Нико Розберг е победник на 17-тата трка во сезоната која по 23 години се возеше во Мексико.

Возачот на Мерцедес беше најбрз и на тренингот и до дванаесеттата победа во кариерата дојде со време од 1:21:253 секунди. Второто место го зазема неговиот клупски колега, Британецот Луис Хамилтон, кој минатата недела во САД ја одбрани титулата.
Третото место му припадна на возачот на Вилијамс, Валтери Ботас.
Во генералниот пласман на две трки до крајот на сезоната, Хамилтон има 345 бодови, второпласираниот Розберг има 272 бодови, на третото место е Себастијан Фетел од Ферари, кој не ја заврши трката во Мексико со 247 бодови.
Првенството во Формула 1 продолжува на 15 ноември со трката за Големата награда на Бразил, а последната трка е во Абу Даби.

Најнови вести