Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2011

Нов договор за Розберг

Германецот Нико Розберг ќе остане и по 2013 година во Мерцедес откако потпиша нов договор.

Во соопштението на тимот, пред Големата награда на Абу Даби, стои дека и наредната сезона тимски колега ќе му биде седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

Розберг, кој во германскиот тим дојде од Вилијамс, минатата сезона потпиша повеќегодишен договор, но не беше прецизирано кога истекува.

Дваесет и шестгодишниот Германец е син на поранешниот шампион Кеке Розберг, а во циркусот Формула 1 дебитираше во 2006 година и досега не оствари ниту една победа. Од доаѓањето во Мерцедес, трипати беше на подиумот и освои вкупно 217 бода.

Најнови вести