Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2012

Мекларен во првиот ред, Грожан изненади со трета позиција

Луис Хамилтон и неговиот тимски колега Џенсон Батон ќе го делат првиот ред од стартната рамнина на стартот од трката за ГН Австралија.

Жешкиот круг со време 1’24.922 го постави Хамилтон пред неговиот тимски колега, додека возачот на Лотус, Ромен Грожан, изненади заземајќи ја третата позиција иако неговиот тимски колега Кими Раиконен беше елиминиран во првиот дел од квалификациите.
Ова беше драматична сесија за тимот на Ферари, кои пропуштија да се пласираат во најдобрите десет, а Ред Бул ќе мора да се помири со старт од третиот ред.

Најнови вести